Брена во Куманово за одбележувањето 500 години постоење на градот

713

Српската пејачка Лепа Брена ќе настапи во Куманово по повод одбележување 500 години постоење на градот, како и 75 години од неговото ослободување.

Брена ќе запее на градскиот плоштад, а гости на вечерта ќе бидат Нино Величковски, Маргица Антевска, Андра Милковска, дувачки оркестар, како и Бојан Ристиќ.

Програмата за 10-ти ноември ќе биде збогатена и со други настани во кои ќе можат да уживаат граѓаните на Куманово, како и посетителите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...