Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември 2019 година.
– За претстојната сезона 2019-2020 година, набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници. Дополнително, набавени се и 21.000 комерцијална вакцина од Центрите за јавно здравство. За првпат, од оваа година се подобрува достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип, покрај 10-те Центрите за јавно здравје, во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствен Дом Скопје – се вели во нивното соопштение.
Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот.
– Заинтересираните лица можат да закажат бесплатна вакцинација од 18 ноември, преку својот матичен лекар. Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во месец февруари. Вакцинацијата во ноември и декември ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува активноста на вирусот да биде највисока, а тоа е во месец февруари 2020 година. Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неточни информации во јавноста. Ширењето на лаги стана главната одлика за нивно функционирање, кои внесуваат забуна, недоверба и на штета на пациентите. Сите постапки кои се спроведуваат во Министерството за здравство се законски, во рок, јавни, транспарентни и на увид на целата јавност. Потенцираме, пикот на активноста на вирусот на грип е во месец февруари. Ноември и декември е оптималното време за вакцинација. Лековите се оригинални, квалитетни и не се од паралелен увоз, како што претходно беа набавувани – стои во соопштението.