Екс фудбалерот Џибрил Сисе сега е ди-џеј, вечер ќе пушта музика во Белград

95

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и француската репрезентација, Џибрил Сисе, откако се повлече од активното играње фудбал, започна кариера како ди-џеј.

Тој вечерва ќе има настап во еден клуб во Белград. На српските новинари им рече дека би сакал да можеше уште да игра фудбал, но  дегинитивно кариерата му е завршена.

– Со истата страст која ја имав кон фудбалот, се посветив на кариерата како ди-џеј, продуцент и консултант, како и во развојот на мојата модна линија. Им благодарам на сите за поддршката, мојот втор живот е почнат – рече Сисе. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...