Триесет и шестгодишник загина во сообраќајка на автопатот Куманово – Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 14.30 часот на автопатот Куманово – Велес, на клучката „Петровец“, Д.Б.(36) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – велат оттаму.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.