Бизнисменот Јордан Камчев на кого денеска му истекува времената патна исправа, веќе аплицирал за нова, потврдува за Фактор. До Јавното обвинителство заедно со барањето за издавање на нова патна исправа вели дека доставил докази и документи кои ги потврдуваат сите следни негови состаноци кои треба да се одржат надвор од државата. Впрочем со истите докази и потврди беше одобрен и првиот времен пасош. Камчев вели дека не планира да бега од државата, дека не сторил ниту едно кривично дело и дека тоа ќе докаже дека заради рекет му е конструиран случај. Во последните 6 месеци, земјата ја напуштал, вели, повеќе од 50 пати и повтoрно се враќал назад.
Целиот текст прочитајте го тука.