Лијам Пејн призна дека бил преплашен кога дознал дека ќе стане татко

Многу е тешко да станеш татко толку млад. Мислам дека толку многу размислував за тоа каков татко ќе бидам, имав толку многу грижи за почеток. Почнав со лоши мисли. Се исплашив, се грижев дали ќе можам да ги издржувам и двајцата, призна Пејн.

225
ФОТО: Инстаграм

Поранешниот член на Уан Дајрекшн, Лијам Пејн се отвори и зборуваше за грижите кои ги имал кога му било кажано дека ќе стане татко на 23 години. Пејн, кој сега има 26 години, зборуваше за моментот кога ја слушнал веста од неговата поранешна девојка, 36-годишната Шерил Кол.

– Многу е тешко да станеш татко толку млад. Мислам дека толку многу размислував за тоа каков татко ќе бидам, имав толку многу грижи за почеток. Почнав со лоши мисли. Се исплашив, се грижев дали ќе можам да ги издржувам и двајцата – призна Пејн.

Тој кажа дека Шерил е една од најважните личности во неговиот живот.

– Таа и мојот син се многу важни за мене. Иако не сме заедно, Шерил е важна личност во мојот живот. Среќен сум што имам некого кој се грижи за тоа низ што поминувам. Единствено нешто што ми недостасуваше во врската, беше тоа да ги разберам нејзините чувства. Кога бев поддалеку од неа сфатив дека сакајќи да ја заштитам, голем дел од неа сака да ме заштити мене – додаде пејачот.

Како што пренесува „Метро“, се чини Лијам не ја исклучува можноста да биде повторно со мајката на неговото дете.

– Ако таа ги изигра добро нејзините карти. Ќе добијам шлаканица за ова кога ќе си одам дома – се насмеа  тој.

Пејн додаде и дека патувањето за концертите и неговата работа му отежнуваат, па понекогаш поминува и две недели без да си го види синот.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...