ДОМ: Европските зелени предлагаат итна резолуција за Македонија

160

Делегација на зелената партија ДОМ, предводена од претседателката Маја Морачанин, во која се и потпретседателите Мирослав Богдановски и Ана Петровска и претседателот на Комисијата за надворешна политика, Емил Крстески, учествува на 30-тиот Совет на Европските зелени во Тампере, Финска.

Во рамките на работата на Советот, од Комитетот на Европските зелени е предложена итна резолуција за отпочнување на пристапните преговори на ЕУ со С. Македонија и Албанија, за која ќе се расправа и ќе се гласа на утрешната сесија.

Зелените партии на Советот ќе дискутираат и за глобалните климатски промени, за позицијата и улогата на Европските зелени во глобалниот систем, како и за потребата од итна акција за справување со климатските промени.

Делегацијата на ДОМ на собирот во Тампере, ќе учествува и во гласањето за избор на новото раководство на Европската зелена партија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...