Песков: Русија сака да соработува со НАТО и покрај агресивноста

Тој коментирајќи ја вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, наведе дека „НАТО можеби е живо или мртво, ние не сме паталози да испитуваме и да одлучуваме кои делови од НАТО се коматозни“.

70

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека НАТО секогаш бил инструмент на агресија и конфронтација, но Русија сака да соработува со Алијансата.

– Повеќе пати имаме изјавено дека НАТО е создадено за конфронтација. Меѓутоа, Русија никогаш не избегнувала соработка со НАТО – истакна Песков.

Тој додаде дека Русија никогаш претерано не ја нагласувала улогата на Сееврноатлантската алијанса во обезбедување на глобалната европска безбедност и стабилност.

– Бидејќи тоа е инструмент на конфронтација и понекогаш на агресија. Тоа е нашето мислење за НАТО – наведе Песков.

Тој коментирајќи ја вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, наведе дека „НАТО можеби е живо или мртво, ние не сме паталози да испитуваме и да одлучуваме кои делови од НАТО се коматозни“.

Макрон во интервјуто за „Економист“ изјави дека „НАТО е клинички мртво, време е Европа да почне да размислува сама за себе како геополитичка сила“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...