Во Мексико се затворени четири туристички плажи поради излевање нафта, јавија локалните медиуми.
Мерката, преземена од одделот за цивилна заштита, дојде откако е откриена осум-километарска нафтена дамка што ги погодува градовите од Лас Флорес до Унион.
Се уште не е позната причината за излевање. Тимови за итни случаи се мобилизирани за да го исчистат загадувањето на нафтата.