Арсен Венгер го напушта „Арсенал“

Арсен Венгер, тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал ја напушта функцијата по крајот на сезоната, објави клубот на својата веб-страница.

194

Арсен Венгер, тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал ја напушта функцијата по крајот на сезоната, објави клубот на својата веб-страница.

„По внимателно разгледување и разговори со клубот, чувствувам дека е вистинско време да се повлечам на крајот на сезоната. Благодарен сум за привилегијата да го водам клубот во годините што ќе останат запамтени во неговата историја. Сите години работев посветено со интегритет. Им се заблагодарувам на соработниците, играчите и навивачите. Засекогаш ќе го сакам Арсенал”, нагласува Венгер во соопштение објавено на веб-страницата на клубот.

Францускиот тренер дојде во Арсенал во 1996 година од Нагоја и освои 17 трофеи меѓу кои три во Премиер лигата. Во сезоната 2003/2004 година ја предводеше генерацијата „непобедливи“ кои стигнаа до титулата без пораз.

Освен Нагоја и Арсенал, Венгер ги предводеше Монако и Нанси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...