Девет членки на Европската унија го повикаа новиот состав на Европската комисија да воведе данок за авиокомпаниите на ниво на целата Унија, со цел повеќе да плаќаат за заштита на животната средина од загадувањето.
Во писмото упатено до новиот европски комесар за околина Франс Тимерманс, министрите за финансии на Германија, Франција, Холандија, Шведска и уште пет држави бараат да се воведе „некој облик на данок за авиопревозници“, без да наведат детали.
Германија е еден од најголемите заговорници, која веќе воведе таков данок.
– Германскиот данок за авиоиндустријата веќе се докажа како добар и може да биде модел во ЕУ за подобра заштита на климата – рече германскиот министер за финансии Олаф Шолц.
Новата Европска комисија има за цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за најмалку 50 проценти до 2030 година.
Шведска воведе данок на авиоиндустријата во 2018 година, Холандија го планира за 2020 година, а Франција најави воведување данок во јуни.