Познатиот музичар десет години бил во врска со ќерка му, врската почнала со првото силување ФОТО

Актерката во својата нова книга пишувала за лекувањето од зависноста и открила дека нејзиното семејство верува дека самата е виновна за тоа што ѝ се случило.

14302

Мекензи Филипс (59) пред неколку денови ја шокираше јавноста кога гостувајќи во емисијата на Опра Винфри откри дека била во врска со својот татко, починатиот пејач на групата „Mamas & Papas“, Џон Филипс. Исто така, таа признала дека семејството ѝ забележело што деталите од нивниот инцестоиден однос ги изнела во јавноста.

Актерката во својата нова книга пишувала за лекувањето од зависноста и открила дека нејзиното семејство верува дека самата е виновна за тоа што ѝ се случило.

– Не ме покануваат на роденденските забави, бесни се на мене и ми зборуваат дека не се подготвени за да ми простат. Не сакаат да ми простат што кога бев дете бев злоставувана, но и фактот што за сето тоа прозборев во јавноста – изјавила актерката.

– Моето семејство не ги простува бесот и болката кои им ги нанесов кога ја открив вистината за мојот татко. Тие ја обвинуваат жртвата, а го бранат виновникот. Знаев дека ќе бидам мета на такви реакции затоа што ја кажав вистината која никој не сакаше да ја слушне – додала таа.

Мекензи морничавата приказна ја открила во 2009 година во книгата „High on Arrival“ во која напишала дека татко ѝ ја силувал кога имала 19 години додека двајцата биле под дејство на алкохол и дрога.

Во книгата напишала дека татко ѝ ја силувал еден ден пред нејзината венчавка и дека подоцна доброволно се впуштиле во љубовна врска која траела 10 години до 1989-та година кога забременила, а не била сигурна дали детето е од нејзиниот татко или сопруг. Филипс платил абортус, а Мекензи открила дека после тоа не сакала никој да ја допира.

Мекензи на 20 години спиела со Мик Џегер. Тој тогаш бил во брак со најбараната манекенка Џери Хол. Во текот на сексот им пречел нејзиниот татко, кој како што вели таа бил љубоморен.

Image result for mackenzie phillips

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...