Тинејџер силувал 10-годишно девојче во Британија, оти бил „бесен и гневен“

Откако го силуваше, го остави така. Со едната половина од неговото тело во водата, а со другата на земјата. Зошто ли го направи тоа, побогу?, прашала судијката.

202
ФОТО: Пикселс / БЕСПЛАТНА ФОТО

Тинејџер кој рече дека силувал 10-годишно девојче поради тоа што бил „бесен и полн со гнев“ доби затворска казна од седум години, пренесува „Метро“.

Седумнаесетгодишникот, чие име не смее да се објави јавно, го оставил девојчето во бессознание по нападот во Девон.

Во судот било кажано дека тој се враќал дома кога го видел девојчето. Преплашеното дете веднаш го извадило мобилниот телефон и се обидело да ја добие својата мајка. Но, тинејџерот го зел мобилниот од нејзините раце и го фрлил во грмушките, го фатил девојчето за вратот и го влечел подалеку од патот.

Тоа ја изгубило свеста, а обвинетиот ја силувал. Жртвата е пронајдена од минувач кој слушнал како некој повикува наставничка.

Судијката Џастис Меј му дала седум години и два месеца затворска казна, велејќи му дека „го силувал девојчето на најгрд и најсуров можен начин“.

– Откако го силуваше, го остави така. Со едната половина од неговото тело во водата, а со другата на земјата. Зошто ли го направи тоа, побогу? – прашала судијката.

Според нејзините зборови, тинејџерот се доверил на психијатар и кажал дека бил „бесен, полн со гнев и сакал да оштети друго лице“. Тој верувал дека напаѓајќи лице сексуално ќе му нанеси „најмногу психолошка штета“.

Обвинетиот призна дека го силувал девојчето и дека го давел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...