Познатиот американски бизнисмен, политичар, писател и филантроп Мајкл Блумберг размислува повторно да се вклучи во претседателската трка следната година, разочаран од сите големи кандидати на Демократската партија, објави Њујорк пост повикувајќи се на неименувани извори.
„Блумберг смета дека Џо Бајден е слаб, а Берни Сандерс и Елизабет Ворен не можат да победат“, нагласи изворот запознат со промената на мислењето на поранешниот градоначалник на Њујорк во три мандати, кој пред неколку месеци изрази незаинтересираност за да биде кандидат.
Друг извор изјави дека Блумберг ќе донесе одлука набрзо, додека трет извор очекува одлуката да биде донесена во рок од неколку дена. Пост нагласува дека Блумберг верува дека динамиката на трката за кандидат на демократите се променила дека умерениот кандидат Бајден заостанува, а Ворен која се противи на корпорациите, добива интензитет во кампањата.
Демократите ќе го бираат својот кандидат за претседателските избори на 3 февруари.
ФОТО: EPA / Martin Sylvest