Бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“, бара нов времен пасош од обвинителство поради деловни обврски и патувања. Актуелниот времен пасош му истекува утре.
Мислење дали да му се издаде пасош или не, треба да даде обвинителката Лиле Стефанова, која по трансферот во редовното обвинителство остана да ја води истрагата „Империја“.
Времениот пасош на Камчев, кој истекува утре, е по дозвола на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која се најде во притвор и е осомничена во случајот „Рекет“ со Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, токму во делот кој се однесува на земање пари од бизнисменот за олеснување на условите на него во рамки на „Империја“.