Најмалку три лица починале, а повеќе десетици се заразени со бактерии од групата листерија, а нивната болест би можела да се доведе во врска со заразен колбас од германската покраина Хесен.
Во тие колбаси била откриена листерија, која може да предизвика смрт кај луѓето со слаб имунитет, па фабриката која ги произведувала колбасите била затворена на почетокот на октомври и тоа со одлука на судот.
Во тек е истрагата, која треба да покаже дали заразените лица навистина умреле затоа што ги консумирале спорните производи, или причината за инфекција е некоја друга.
– Во моментот истражуваме дали навистина постои причинско-последнична врска меѓу инфекцијата и смртните случаи и какви симптоми имале лицата заболени од листерија – изјавил за ДПА портпаролот на обвинителството Андреас Тене.
Обвинителството исто така истражува дали има основа за кривично гонење на произведувачот поради заразеноста на производот. Обвинителството во Касел спровело истрага против директорот на фабриката поради убиство од небрежност.
Според зборовите на Адреас Тене, правната служба на Институт Роберт Кох (РКИ) во Берлин доставила список од сега познати случаи од заболени.
Инфицираните луѓе дошле во контакт со вид на бактерии „Сигма 1“, а токму тие биле најдени во наведените производи.
Сепак, Институтот Роберт Кох, меѓутоа, ја потврдил поврзаноста меѓу „Сигма 1“ и смртта во само три досега познати случаи.
– Од гледна точка на обвинителството, засега не е јасно дали навистина постои врска и неопходно е да се утврди тоа – рекол Тене.
Лицата кои починале имале и други значајни болести, исто така, опасни по живот.
Во меѓувреме, производителот на колбаси отишол во стечај, а иако се жалеле на одлуката за затворањето на повисока инстанца, но им била одбиена жалбата.