Стоилов пред големото дерби со Кјелце: Некој ќе плаче на крај, се надевам Карачиќ!

320

Ракометарите на Вардар в сабота се домаќини на Кјелце во седмото коло од Лигата на шампионите. Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов најави голема борба со стариот ривал.

Тој зборуваше и за тоа што ќе игра против својот добар пријател и доскорашен клубски колега, Игор Карачиќ велејќи дека играл многу пати против него со репрезентацијата, но дека ова е поинако.

Некој ќе плаче на крај, рече Стоилов, а се надевам дека тоа ќе биде токму тој.

– Не очекува тежок натпревар против секогаш незгодниот Кјелце. Со нив играме секогаш интересни натпревари. Тие се наш голем ривал и сите сакаме да победиме. Се надеваме на поддршка од трибините. Ситуацијата не е лесна за нас. Имаме многу повредени играчи и многу кои штотуку закрепнаа од повреда. Мислам дека во моментов не знаеме на што сме. Наше е да дадеме сѐ од себе како на сите останати натпревари и да се обидеме да победиме – изјави Стоилов на денешната прес-конференција.

Тренерот Едуард Кокшаров кажа дека се уште нема јасна слика како ќе изгледа тимот.

– Во овој момент не можам ништо да кажам за тоа со кои играчи ќе располагам. Кој ќе игра , а кој не ќе се знае утре, на ден пред натпреварот. Не е лесно, но убеден сум дека оние кои ќе играат ќе дадат максимум. Самиот натпревар ќе покаже што и како – рече Кокшаров.

Натпреварот ќе се игра в сабота од 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...