Раперот тврди: Секоја година ја носам ќерка ми на гинеколог за да ѝ го провери хименот! ФОТО

- Ќе кажам само дека на 18 години нејзиниот химен е сè уште недопрен - изјавил раперот.

5638

Познатиот американски рапер и актер Т. И. гостуваше во подкастот „Ladies Like Us“, каде помеѓу останатот, зборувал за родителството. На прашањето дали со своите ќерки разговорал за сексот, го изнел методот кој го практикува со најстарата, 18-годишната ќерка Дејах Харис.

Дејах сè уште немала секс, признавајќи дека ја придружувал на нејзиниот годишен гинеколошки преглед за да добие потврда дека е невина.

– Ќе кажам само дека на 18 години нејзиниот химен е сè уште недопрен – изјавил раперот. Тој додаде дека Дејах има 18 години, завршила средно училиште и се запишала на прва година на колеџ. „И да, не само што зборуваме за секс, имаме годишни посети на гинеколог за да го провериме нејзиниот химен“, вели ѕвездата, која има и тригодишна ќерка, Хаирес и 15-годишен син, Кинг.

Презентерките на подкастот, Назанин Манди и Надија Мохам, мислеа дека тој се шегува или претерува. Затоа Т.И. ги опиша деталите од посетата на гинеколог.

– Еднаш, мислам дека беше околу нејзиниот 16-ти роденден. Славиме веднаш по нејзиниот роденден.Обично ден по забавата, таа ужива во подароците, а јас и ставам налепница на нејзината врата: „Гинеколог. Утре. 9:30“ – раскажал раперот.

Меѓутоа, Т.И. воопшто не е загрижен за сексуалната активност на неговиот 15-годишен син Кинг – кој веќе бил сексуално активен. Тинејџерот призна дека имал секс пред неколку месеци, а раперот, иако не бил воодушевен, само се насмеал.

Не сакам моите деца да имаат секс пред да дојде времето, но кој ќе каже кога е вистинското време? – рекол раперот и признал дека сепак има двојни стандарди.

TI's daughter Deyjah Harris

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...