Според пишувањето на странските медиуми, најмладата милијардерка на светот Кајли Џенер и раперот Дрејк, од неодамна се и во официјална врска, иако старлетата раскинала со таткото на своето дете пред еден месец.
Според изворот близок на Кајли, раперот и младата старлета веќе долго време, а последните две недели неприкинато поминуваат време заедно, односно станеле интимни.
– Неодамна излегоа заедно со неговите пријатели, Кајли ги пееше неговите песни и танцуваше со неговите пријатели. Не танцуваше со него, но седеа еден покрај друг и имаше многу хемија помеѓу нив – тврди извор за магазинот „Пипл“.
Изворот додава дека двојката била видена уште неколкупати на романтични вечери, но и дека Дрејк неколкупати го посетил домот во која Кајли сега живее со ќерката.
– Дрејк беше виден како доаѓа кај неа доцна во ноќта, така што сосема е сигурно дека двојката спие заедно, а со оглед на тоа дека исто така и излегуваат, не станува збор само за обично гледање, туку за врска – додал извор за странските медиуми.
Кајли раскина со Трaвис Скот на почетокот на октомври, по две години врска. Извесно време сите мислеа дека ќе се смири со своето поранешно момче Тајга, но Кајли таквите гласини ги негираше на Твитер, наведувајќи дека и понатаму е во добри односи со таткото на својата ќерка.
ФОТО: EPA / NINA PROMMER