Петмина струмичани се тепале со столици и секира

440

Околу 15 часот вчера во Струмица на улица „Славчо Стојменски” нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Н.А., З.А., Ф.А. Г.А. и Р.А. од едната страна и К.М., А.М. и С.М. од другата страна.

Како што информира полицијата, прво започнала вербална расправија меѓу лицата, по што истите си размениле некоолку удари со боксови, столови и дрги предмети меѓу кои и секира. Лицата се раздвоени од полициски службеници.

Дел од учесниците се здобиле со телесни повреди, додека С.М. е пренесен во Јавна здравствена установа – Општа болница Струмица за укажување на лекарска помош.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...