Поранешниот ракометар Наумче Мојсоски доби функција во владејачката партија СДСМ.
Тој ќе ја предводи Комисијата на спорт на социјалдемократите, одлучено е на синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ.
Покрај тоа, избран е и шеф на Избрниот штаб, Љупчо Николовски.
Неодампна, пак, репрезентативниот колега на Мојсоски, ексголманот Борко Ристовски стана дел од ВМРО-ДПМНЕ. Тој се најде во тимот стратешки соработници на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој тој го претстави како тим од натпартиски луѓе.