Во интервју за бразилскиот весник „Еспорте Интервативо“, крилото на Јувентус, Даглас Коста откри интересен факт по доаѓањето на Кристијано Роналдо во клубот од Торино.
Со неговото пристигнување, ЦР7 сменил некои навики на фудбалерите кои поминале поинтензивни тренинзи и тоа довело до нивно намалување на тежината.
– Од доаѓањето на Роналдо во Јувентус, сите изгубивме тежина и ги намаливме маснотиите. Зачудувачки е затоа што покажува дека Роналдо е вреден не само на теренот, тој исто така ни дава многу и надвор од него – откри Коша.