Семејството на француската актерска ѕвезда Кетрин Денев соопшти дека таа претрпела „ограничен исхемичен удар”.
За среќа, 76-годишната актерка нема проблеми со движењето, но нејзиното целосно заздравување ќе потрае, информираат француските медиуми.
Агенциите јавуваат дека таа минатата ноќ била примена во една од болниците во Париз.