Турските медиуми никако да прекинат да пишуваат за пејачката Емина Јаховиќ и нејзиниот избраник Садетин Серан, но овојпат наместо само за нив двајца, тие „открија“ тројна игра на пејачката.
Наводно, таа паралелно се впуштила и во љубовна врска со некогашниот турски кошаркар Ибрахим Кутлај.
– Емина се сретнала со Кутлај додека Садетин бил надвор од Турција. Кошаркарот го знае одамна преку својот брат Мирсад кој му беше соиграч. Емина и Ибрахим не се виделе сè до неодамна, кога почнале тајно да се гледаат и комуницираат – раскажал анонимен извор за медиумите, кој воедно открил и како Емина реагирала кога медиумите ја откриле нејзината тајна врска.
Сепак, Емина веднаш ги демантира овие написи и изјави дека со спортистот е добра пријателка, а се знаат преку нејзиниот брат, поранешен кошаркар.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин