Синот на Хју Хефнер се ожени со ѕвездата на „Хари Потер“ ФОТО

Англиската актерка (29) сподели фотографија од скромната церемонија во Окснард, Калифорнија.

514

Ѕвездата од филмот „Хари Потер“, Скарлет Бирн се омажи со Купер Хефнер, син на основачот на „Плејбој“, починатиот Хју Хефнер.

Англиската актерка (29) сподели фотографија од скромната церемонија во Окснард, Калифорнија.

„Купер и јас сме возбудени што споделуваме дека сме легално во брак“, напишала бринетата, која ја глумеше Панси Паркинсон во неколку продолженија на филмот за малиот волшебник. Двојката, која е во врска од пред четири години, сега планира поголема церемонија со пријателите и семејството.

Скарлет кој позираше гола за Плејбој во 2017 година е една година постара од Купер.

„Те сакам. Горда сум што сум со тебе, како партнер, пријател и жена“, напишала таа.

„Не можам да дочекам да продолжиме да го градиме животот заедно. Моето срце е полно и јас сум благодарна за нашата љубов“.

Купер исто така објави на социјалните мрежи дека се венчал.

Купер е едно од четирите деца на починатиот Хефнер. Тој започнал да работи за неговиот татко додека сè уште студирал, станувајќи ЦКО (главен креативен службеник) на Плејбој. Тој ја напушти таа позиција во април за да лансира свој медиумски бренд, Хефнер Медиа Корпорејшн и дигитална платформа со содржина за возрасни. Тој тогаш објави дека ќе се вика ХефПост, но сега блогот се нарекува StagDeyel и треба да биде лансиран следната година.

Cooper Hefner | Autor : Instagram

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...