Спасовски: Работиме на сузбивање на криумчарењето мигранти во континуитет

30

Неодамна откриената група на мигранти не е последна, ниту прва, во континуитет работиме на сузбивањето на криумчарењето мигранти и на трговијата со луѓе, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање во Валандово, каде ја посети реновираната полициска станица, нагласи дека на мошне високо ниво е подигнато откривањето на криумчарењето мигранти.

-Фактот дека еден од нашите врвни приоритети беше како да ги зајакнеме капацитетите во борбата против нелегалната миграција и криумчарењето на луѓе беше формирањето на националната агенција за нивно сузбивање, тоа дава резултати, додаде Спасовски.

Тој посочи дека повеќе криминални групи веќе се разбиени и дека секојдневно се работи на откривање или сузбивање на илегалната миграција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...