Кај Железничката станица „Кременица“, Битола, биле лишени од слобода П.Л.А.(29) и Г.Ф.Г.(23), двајцата од Куба, при обид незаконски да ја преминат државната граница. Ова се случило вчера во во 11.15 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.