Одбележан денот на ослободувањето на Радовиш

61

Со свечена седница на Советот на општина Радовиш и доделување на шестоноемвриските признанија синоќа почна одбележувањето на 75 годишнината од  ослободувањето на Радовиш.

На младата пијанистка Јана Јованова ѝ беше доделено признание за успех во полето на музиката. Признанија добија Mинистерството за одбрана и Aрмијата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП „Национални шуми-Подружница Радовиш“, Територијалната противпожарна единица на Радовиш, Општинската организација на Црвниот крст од Радовиш и Здравствниот дом Радовиш за активно учество во гаснењето на големиот пожар на планината Готен.

За афирмација на општина Радовиш во областа на гастрономијата, признание му беше доделено на хуманитарното здружение „Верица“, а за постигнати спортски успеси и афирмација на спортот во општината плакета доби Симеон Џеков.

Признанија добија и Мите Баков за повеќедецениска работа и континуирана поддршка на јавните настани во општината, Доне Донев за четиридецениска афирмација на ликот и делото на Ацо Караманов, Јордан Митев за афирмација на Радовиш во областа на фолклорот и културата, Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта за особен придонес во развојот на патната инфраструктура во општината, „Распеани Радовишани“ за афирмација во областа на традицијата и културата и на примадона Милка Ефтимова за исклучителен придонес во афирмацијата на Радовиш.

Одбележувањето на денот на ослободувањето на Радовиш продолжи денес со положување цвеќе во Паркот на млади и со одржување на училишниот шестоноемвриски турнир во мал фудбал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...