Конте: Жално е што изгубивме така

Треба да ги оставиме своите неуспеси во минатото. Ние мора да разбереме зошто овие работи ни се случуваат и да ги поправиме нештата, додаде Конте.

188
ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Тренерот на Интер, Антонио Конте, по поразот од Борусија Дортмунд во 4. коло од Лигата на шампионите (2:3) одби да зборува за тоа што се случи во второто полувреме. По првото полувреме екипата на Милан поведе со 2:0.

– Истата работа се случи и во Барселона. Јас навистина не сакам да коментирам за второто полувреме, не сакам да барам изговори. Жално е што изгубивме така. Направивме грешки кои скапо нѐ чинеа. Не можете да играте на два турнира со толку кратка клупа – изјави Конте.

Треба да ги оставиме своите неуспеси во минатото. Ние мора да разбереме зошто овие работи ни се случуваат и да ги поправиме нештата, додаде Конте.

На неговиот тим ќе му треба победи на последните два меча во групата за да се надева на пласман во плеј-офот од најсилното фудбалско клупско континентално натпреварување.

ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...