Трипл-дабл на Леброн во триумфот на Лејкерс над Чикаго

59

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го победија Чикаго Булс на гостински терен со 118:112. Првата ѕвезда на „езерџиите“, Леброн Џејмс, натпреварот го заврши со троен ефект, 30 поени, 11 асистенции и 10 скокови.

Резултати на другите НБА натпревари одиграни ноќта вторник кон среда:

Шарлот – Индијана 122:120
Кливленд – Бостон 113:119
Атланта – Сан Антонио 108:100
Оклахома сити – Орландо 102:94
Денвер – Мајами 109:89.

Лејкерс се водечки тим во Западната конференција со шест победи и само еден пораз, на Истокот Филаделфија и Бостон имаат биланс 5-1 (победи-порази).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...