Соединетите држави се заштитуваат од странски влијанија на претстојните избори во 2020 година, се наведува во заедничко соопштение на Федералното биро за истраги, Агенцијата за национална безбедност и пет други агенции.
Во соопштението е истакнато дека ќе има беспрекорно ниво на координација помеѓу сите 50 држави и териториите на САД за да се гарантира безбедноста на изборите.
– Нашите непријатели сакаат да ги поткопаат нашите демократски институции, да влијаат врз јавното мислење и врз владините политики – се вели во соопштението.
Русија, Кина, Иран и други злонамерни странски играчи ќе се обидат да се мешаат во изборниот процес или да влијаат на мислењето на гласачите, се додава во текстот.