Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Италија.
Пендаровски во Рим ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.
Претседателот Стево Пендаровски ќе има средба и со претседателот на Долниот дом на италијанскиот Парламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со Република Северна Македонија.
Во рамките на официјалната посета на Република Италија, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Факултетот за политички науки, социологија и комуникации на Универзитетот Сапиенца во Рим.