Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање за оставката на неговата советничка за земјоделски политики Ленче Николовска и други вработени во Владата рече дека тоа се негови први соработници и дека продолжува соработката.
Заев потсети дека ветил оти ќе се рационализира бројот на советници.
– Дел од советниците сами пристапија. На пример Мерсел Биљали кој имал ќерка за вработување вели морам да внимавам, Антикорупциска е сериозна кога ги испраќа пораките, јас правам чекор за детето. Но, тука сум и работам. Ленче Николовска вели веќе имам друг мегдан, можеби и подобро ќе заработам. Отворам агро иницијатива во медиумскиот простор. Верувам дека таму ќе бидам и подобро платена и поисполнета, ќе дадам може и поголем придонес од тоа што верувам и како граѓанин. Имаме таква дискусија меѓу сите нас и верувам дека тоа е добро – вели Заев.