Намален притисок на вода утре од 9 часот ќе имаат корисниците од булеварот Асном на раскрсницата со булеварот Србија.
Причината е менување на шибер од ф 200 мм на раскрсницата на булеварот Асном со булеварот Србија.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека намален доток на вода ќе има до завршување на активностите.