Пендаровски утре во официјална посета на Италија

140

Претседателот на државата Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Стево Пендаровски ќе има средба и со претседателот на Долниот Дом на италијанскиот Оарламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на Комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со Македонија.

Во рамки на официјалната посета на Република Италија, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Факултетот за политички науки, социологија и комуникации на Универзитетот Сапиенца во Рим.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...