Обвинител ќе ја чешла лекарската документација за Игор Спасов

321

Јавното обвинителство во Шитп по допрен глас ќе истражува дали кај некој има кривична одговорност за бегствто на Игор Спасов, осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски.

Од обвинителството за Плусинфо велат дека обвинител ќе ги испитува околностите под кои е донесено решението за прекин на издржување на затворската казна односно даде е насока да е провери лекарската документација за Спасов како и целокупната постапката во која е донесено решението.

Игор Спасов на слобода поради наводни здравствени причини се наоѓа од летото лани. По последното продолжување на отсуството од затвор тој требаше да се јави на капијата во Идризово на 18 октомври. Откако не се појави судот во Штип издаде потерници, а во моментов Спасов се бара и со меѓународна потерница бидејќи надлежните не успеаа да го лоцираат на територијата на Македонија.

Испитување на случајот во насока дали има одговорност кај судиите ќе прави и Судскиот совет, кој веќе побарал од штипскиот суд информации за случајот.

Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го впери прстот кон судиите и обвинителите зашто, како што рече, клучното прашање е да се реши случајот и да има одговорост. Мора, рече министерот, и обвинителот и судијата да одговорат врз основа на кои проценки е дозволен прекинот на изржување на затворската казна.

– За таквите прекини на издржувањето на казната затвор, се известуваат веројатно Управата за извршување санкции и Казнено – поправните установи, МВР не добива такви информации, не е ни задолжени да нѐ информираат. Ние како МВР дознаваме во моментот кога тие бараат да го пронајдеме.Тоа покажува колку овој систем е нефункционален, па би рекол можеби и корумпиран, затоа што јас не знам од кој аспект се цени одлуката и тоа како предлог што се дава одредена личност да биде пуштена на прекин на казна – изјави Спасовски.

Специјалецот Игор Спасов, чие бегство сега ќе се истражува, беше осуден на 14 години затвор, од кои одлежа околу половина. Казната ја издржува од 2011, годината кога беше убиен Мартин Нешковски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во центарот на Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...