ГДУ бара оставка од министерот за животна средина Нуредини

150

Здравјето на граѓаните треба да биде приоритет број еден на секоја влада. Земјава руши светски рекорди во загадувањето, повеќе од 3.000 лицагодишно умираат  како резултат на загадениот воздух, а министерот за животна средина Нуредини нема податоци дали се пишуваат казни, каква е состојбата на терен, кој не труе, а немал ниту време да одговори на новинарските прашања и да и каже на јавноста што прави, рече портпаролот на ГДУ Дарко Попоски.

– Очигледно и него како и неговиот претходник Дураку, не го интересираат граѓаните.
Вчера видовме крајно дрско однесување од Нуредини, кое  е недозволиво за еден функционер. Оставка веднаш! Ако Нуредини сам не си замине, тогаш Заев веднаш да го разреши! Здравјето на граѓаните е поважно од коалицијата!

Не поминуваат излитените фрази дека ова е комплексен проблем и дека треба време да се реши. Бетер сме од Индија. Барем таму нешто прават, а ние? Хронично болните не ги добија ни маските кои им беа ветени, па за што друго да правиме муабет?

Во борбата против загадениот воздух потребен е сериозен пристап, а тоа е невозможно со министри кои се крајно дрски, кои немаат време да одговорат на прашања и бегаат од соочување со јавноста.

Итно се потребни мерки, а не препораки кои ги научивме напамет. Не ни треба ниту ветување како тоа за трамвајот, остаревме чекајќи го трамвајот! Сите го ветуваа и Пенов и Трифун Костовски, сега и  Шилегов, но никој не го реализираше. Ветувањата не го чистат воздухот, ниту пак почист воздух ќе имаме ако во Владата седат кадри кои немаат време да се занимаваат со граѓаните и не знаат од што бил загаден воздухот – рече Попоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...