„Независен“ утре нема да излезе, судбината на весникот неизвесна

830

„Независен весник“ утре нема да излезе во печатена форма.

На вработените им било кажано дека утрешниот број нема да излезе поради долг кон печатницата, но не им било речено дека весникот згаснува.

Информацијата до новинарите денеска ја пренел управителот на фирмата. Тие го очекувале да се појави и сопственикот на весникот за да им соопшти што ќе се случува со медиумот, но до поладнево тој не се појавил во редакцијата.

Весникот постоеше речиси две години, првиот број излезе на 27 ноември 2017 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...