Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ излегува од пратеничката група на коалицијата на независните од ВМРО-ДПМНЕ и ќе дејствува како независен пратеник. Ваков допис Рамчиловиќ испратил до претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој во дописот го информира Џафери дека од 1 ноември во Собранието ќе дејствува како независен пратеник.
Рамчиловиќ за Плусинфо ја потврди информацијата, но одби да каже зошто ги напушти независните од ВМРО-ДПМНЕ.
По ова независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ од осум се намали на седум пратеници.
Рамчиловиќ е пратеник од партијата Здружение за културно обединување на Бошњаците.