Фатен педофил во Британија откако купил користени гаќи од деца на интернет

323
ФОТО: МЕН / Метро

Судијата го повлекол банот и им овозможил на британските медиуми да го откријат името на педофил кој заедно со жена силувал деца, пренесува „Метро“.

Триесет и осумгодишниот Оливер Вилсон и Ребека Холовеј се запознале на интернет и злоупотребувале деца, што според судијата, е еден од најлошите случаи некогаш видени.

Дваесет и шестгодишната Холовеј претходно призна дека фотографирала експлицитни фотографии од деца и силувала двајца малолетници.

Вилсон во петокот е осуден за 11 сексуални престапи, вклучувајќи пет силувања, па затоа сега било дозволено неговото име да биде објавено во медиумите. Тој бил фатен откако купувал користени гаќи од деца на ибеј.

Во неговиот телефон биле пронајдени разговори со Холовеј во врска со сексуално насилство врз деца. Била пронајдена и копија од филмот „Лолита“ – контроверзна приказна за постар професор кој сексуално се инволвира со млада девојка. Потоа имало и детски алишта, а во неговиот дом чувал секс играчки, фотографии од деца, зумирани слики од долен веш за девојки. Едно девојче било сексуално малтретирано и силувано, а друго се здобило со повеќе повреди по сексуален напад.

Се очекува Вилон и Холовеј да добијат пресуда заедно.

ФОТО: МЕН / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...