Кијану Ривс по 35 години кариера првпат се појави со девојка држејќи се за раце

Првпат заедно работеле уште во 2011 година на книгата на актерот „Ода до среќата“.

718

Во музејот Лакма во Лос Анџелеџ, со поддршка на италијанската куќа „Гучи“, е одржана деветата гала вечер Арт+Филм.

Овојпат организаторите ѝ оддале почест на американската уметничка Бети Сар и режисерот Алфонс Куарон кој доби Оскар за филмот „Рома“.

Најголемо внимание меѓу гостите предизвикал актерот Кијану Ривс кој на црвениот тепих првпат во 35 години кариера се појави држејќи ја за рака својата девојка. Станува збор за 46-годишната уметничка Александра Грант.

Според пишувањето на магазинот „Пипл“, Кијану и Александра се најдобри пријатели и соработуваат веќе со години.

Првпат заедно работеле уште во 2011 година на книгата на актерот „Ода до среќата“.

Во 2016 година, повторно ги „здружиле своите сили“ за книгата „Сенки“ која Ривс ја напишал, а Грант ја илустрирала. Двојката ја основала и издавачката куќа „X Artist’s Books“ во 2017 година.

Најсериозната врска досега му била со покојната Џенифер Сајм, која трагично загинала во 2001 година во автомобилска несреќа. Џенифер имала само 28 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...