Балканец добил отказ во Австрија па му се одмаздил на шефот: Дури по една година е откриено што направил

Работодавачот сфатил што направил поранешниот работник дури по година и пол, а тогаш го пријавил во полиција.

5596

Неименуваниот Хрват кој живее во Австрија му се одмаздил на шефот кој му дал отказ, а неговата одмазда откриена е дури по година и пол.

Мажот работел во една фабрика до мај минатата година, а откако добил отказ, ја зел картичката со која компанијата плаќала гориво и со неа платил гориво кое на две бензински станици го наточил во својот приватен автомобил, пишува „Феникс“. Гориво си наточил повеќе пати.

Работодавачот сфатил што направил поранешниот работник дури по година и пол, а тогаш го пријавил во полиција.

Како што пишуваат медиумите, при точењето на горивото било евидентирано дека  компанијата го сипала горивото, но не покажувало и во кое возило било точено гориво.

Поради тоа „итриот“ Хрват не бил уловен порано.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...