Долгогодишниот пратеник на Лабуристичката партија, Линдзи Хојл синоќа е избран за нов претседател на Долниот дом на британскиот Парламент.
За 62-годишниот Хојл гласаа 325 пратеници. Тој е избран по повеќечасовното тајно гласање.
Во трката за наследник на ториевецот Џон Беркау учествуваа седум кандидати.
Хојл досега беше еден од тројцата заменици претседатели на на Парламентот.
Новиот претседател на Долниот дом на функцијата веројатно ќе биде само еден ден пред денешното распуштање на Собранието поради предвремените избори закажани за 12 декември.
По 10 години на функцијата претседател на Собранието, Џон Беркоу во септември најави дека ќе поднесе оставка.
Беркоу, познат по гласниот извик „Мир, мир!“, оваа позната фраза ја изговори дури 14.000 пати, обидувајќи се да ги смири гласните пратеници.
Неговите заслуги за модернизација на Парламентот ги пофалија и премиерот Борис Џонсон, но и лидерот на лабуристите Џереми Корбин. Тој на пратениците им дозволуваше доволно слобода за од членовите на Владата да бараат одговорност и донесуваше контроверзни процедурални одлуки во клучните фази од Брегзит.
ФОТО: EPA-UK-PARLIAMENT-JESSICA-TAYLOR