Убавата актерка Евангелина Лили е позната по совршената насмевка и раскошната коса, поради што своевремено се појави и во рекламна кампања на француската компанија „Л’Ореал“.
Но, деновиве, убавата 40-годишна актерка ги шокираше фановите со драматична промена на имиџот. Ѕвездата на хит ТВ-серијата „Изгубени“ на Инстаграм објави видео во кое најпрво ги исече бујните кадрици, а потоа целосно ја избричи главата.
„Зошто?!? Те молам, не! Се надевам дека ова е шега!“, коментираа шокираните обожаватели, надевајќи се дека 40-годишната Евангелина ја скратила косата за нова улога, што актерката досега ниту потврди, ниту негираше.
Иако обожавателите не биле воодушевени од тој потег на актерката, нејзините пријатели ја поддржаа: „Храбар потег, секоја чест, сега си како Г.И. Џејн! Сè уште сте совршени! Добра жена како тебе е добра!“, на крајот се согласија повеќето следбеници на актерката.
FOTO: Instagram/Printskrin