Загина милионер од Канада во сообраќајка во Велика Британија

330

Рон Кари, милионер од Канада, загинал во сообраќајна незгода на собир на стари возила во Велика Британија.

Кари (80), инаку, е основач на нафтената компанија Џеј-ен-ел саплај, и страстен колекционер на стари автомобили. Во мигот на несреќата, тој со својот „Нокс“, стар 116 години, се судрил со друг автомобил, што, исто така, присуствувал на парадата Лондон – Брајтон.

Како што објави „Дејли мејл“, во возилото била присутна и неговата сопруга Били, која има повреди во пределот на главата и е пренесена в болница. Таа е во стабилна здравствена состојба.

На парадата долга 60 милји секоја година присуствуваат стотици вљубеници во стари возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...