Што мислат Британците за бришење на социјалните мрежи по смртта?

Четвртина сакаат нивните профили да бидат избришани комплетно. Околу седум отсто од испитаниците одговориле дека сакаат нивните профили да останат на интернет засекогаш.

136

Сте размислувале ли што ќе се случи со вашите Фејсбук и Инстаграм профили откако ќе умрете?

Поединци сакаат нивните податоци на интернет да бидат избришани, додека други можеби сакаат да ги остават со цел да покажат дека добро го живееле животот. Како и да е, Британците се поделени по ова прашање, пренесува „Метро“.

Истражувањето на YouGov вели дека 26 отсто од луѓето сакаат нивните профили на социјалните мрежи да бидат избришени штом починат, но сите работи што ги имаат објавено да им бидат префрлени на нивните сакани.

Четвртина сакаат нивните профили да бидат избришани комплетно. Околу седум отсто од испитаниците одговориле дека сакаат нивните профили да останат на интернет засекогаш.

Од над 1.600 испитаници, оние над 65 години најмногу сакале нивните профили да бидат избришани. Лицата од 18 до 24 години најмалку го посакувале ова.

Повеќе од половина (53 отсто) испитаници кажале дека со задоволство ќе им го дадат пасвордот од мобилниот телефон на членови на семејството. Само третина од оние на возраст од 18 до 24 години, кажале дека ќе го сторат ова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...