Сасоли до младите во Македонија: Ве молам, не губете надеж, не се откажувајте од европската иднина

136
ФОТО: EPA / PATRICK SEEGER

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, пред доаѓањето во Македонија на неговиот Твитер профил се обрати до младите во земјава со порака да не се откажуваат од европската иднина.

– Ќе ја посетам Северна Македонија, а ќе ја посетам и Албанија за неколку недели и овие посети се навистина значајни за мене лично. Ова ќе бидат први официјални патувања надвор од ЕУ, во земји со кои сме пријатели, земји кои сакаме да станат дел од нашата Унија.

Знаеме дека луѓето во Северна Македонија и во Албанија беа длабоко разочарани кога слушнаа дека некои земји блокираа почеток на преговори. Го разбирам тоа и го делам вашето разочарување.

Ги исполнивте сите критериуми, направивте одлична работа и заслуживте зелено светло за почеток на преговорите. За ова прашање Европскиот парламент и Европската комисија го изразија нивното мислење многу јасно заедно со огромното мнозинство земји на ЕУ.

Но, ова не е крај на дискусијата. Европскиот парламентот, домот на европската демократија е со вас. Нема да молчиме. Ќе притискаме цврсто за позитивно гласање на наредниот Европски совет.

Јас имам едно барање, особено до младите во Северна Македонија.

Ве молам не губете надеж. Ве молам не се откажувајте од европската иднина. Вие припаѓате на нашето семејство и вие на крајот ќе бидете член на ова семејство. А ова семејство ќе ве пречека со верба и надеж“, порачува Сасоли.

Сасоли во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...