Кога „Мекдоналдс“, во текот на финансиската криза, ги затвори сите ресторани на Исланд во 2009 година, еден мaж одлучил да го купи последниот чизбургер и помфрит.
Со тоа Исланд стана единствената западна земја без „Мекдоналдс“.
– Слушнав дека храната од „Мекдоналдс“ никогaш не се распаѓа, па самиот сакав да видим дали е тоа точно – рекал Хјортур Смарасон за агенцијата АФП.
Оваа недела се навршуваат 10 години од кога наизглед неуништливиот оброк е купен и да – изгледа као да је купен вчера.
Љубопитливите набљудувачи можат во живо на интернет да ги видат бургерот и помфритот кои во моментот се наоѓаат во стаклена витрина во хостелот на југот на Исланд.
– „Старецот“ и понатаму е тука и се чувствува мошне добро. Всушност, изгледа и понатаму многу добро – рекол сопственикот на хостелот Сиги Сигурдур за Би-би-си.
„Забавно е, секако, но ве тера да помислите што јадете. Нема мувла, само хартијата со која е обвиткан изгледа старо“.
Во хостелот тврдат дека луѓето од сите краишта на светот доаѓаат во посета, а сајтот за пренос го посетуваат и до 400.000 луѓе дневно.
Оние што ги интересира можат во живо да гледаат стриминг од бургерот и помфритот, што се емитува од нивната сегашна локација во хостелот „Снотра хаус“ во јужен Исланд.