Ласкарци не е поука за пренатоварените автобуси (ФОТО)

580

Стравот за безбедноста во меѓуградските автобуси сѐ уште е присутен. Плусинфо објави дека во автобуси кои возат во и надвор од Скопје се примаат повеќе патници од предвиденото, па се случува да се туркаат, за да фатат седиште.

Се чини дека ништо се нема променето оттогаш, а соговорници ни велат дека ако се пожалат, поединци од шоферите се нервозни и им се обраќаат со висок тон.

Несреќата кај Ласкарци, за жал, се чини не успеа да ги смени работите во врска со безбедноста во автобусите.

– Мора да се најде било каков начин за да се стави крај на тоа во автобус да се возат повеќе патници од дозволеното. Нека има почести контроли, нека се казнува – реагираат студенти и лица кои работат во Скопје па често се возат од внатрешноста до главниот град и обратно, но и такви кои патуваат од здравствени причини и закажани термини во скопските здравствени установи.

Од Министерството за внатрешни работи до објавување на текстот не добивме одговор за реакциите на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...