Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен на својата официјална веб-страница објави дека ја прекинува соработката со тренерот Нико Ковач.
Договорот со 48-годишниот хрватски стручњак раскинат со меѓусебна согласност на страните.
Помошникот тренер Ханс Флик привремено ќе го предводи тимот.
Баерн во последниот натпревар од Бундеслигата вчера загуби од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1.
После десет кола, Баварците се на четвртото место во Бундеслигата.
Ковач, се произнесе за прекинот на соработката со клубот од Минхен.
– Мислам дека ова е вистинската одлука за клубот во моментот. Резултатите, како и последниот натпревар, ме натераа да ја донесам оваа одлука. На Баерн му посакувам најдобро во иднина. Тука поминав година и пол и за тоа време го освоивме првенството, купот и Супер купот на земјата. Беше добро време – вели Ковач во изјавата за клупската веб-страница.